петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Забегани во владеењето, неспособни во спроведувањето: Владата ни воведува колективна „штама“!

Забегани во владеењето, неспособни во спроведувањето: Владата ни воведува колективна „штама“!

Владата вчеравечер, 04 октомври 2020  ги прифатила предлозите на Комисијата за заразни болести за нови мерки за заштита од ковид-19, кои овој пат главно предвидуваат ограничувања во работата на угостителските објекти, е најновата вест која одекна во медиумите.  Анализата на епидемиолошките анкети укажала дека масовните собири, со непочитување на протоколите се една од главните причини за зголемување на бројот на случаи со ковид -19, а  најголемо зголемување на заболени има кај популацијата од 20 до 30 години, а потоа и кај тие од 30 до 40 години.

Комплетно забегани во владеењето, Зоран Заев и неговите министри уште еднаш покажаа дека се тотално неспособни, повторно донесувајќи погрешни одлуки, потврдувајќи ја теоријата на своето владеење по принципот: не знаат каде тераат, како и во досегашното спроведување на законите и одлуките кои самите ги носат!

Наместо да ги гонат, казнуваат и затвораат прекршителите на законите, одлуките, мерките и протоколите, владата ни воведува колективна „штама“!

„Повеќе нема да има гостување на пејачи и  диџеи во угостителските објекти. Потсетуваме повторно дека нема дозвола за работа, односно во ниту еден момент не добија дозвола дискотеките и ноќните клубови. Понатаму се намалува дозволената јачина на звукот на 55 db за да се одржи препорачаната дистанца и се намалува бројот на лица коишто седат на една маса од 12 на 4 лица“ – посочи министерот Филипче во своите последни изјави дадени за медиумите.

Или со еден збор една цела плејада на еснафи, професии, занимања, индустрии ги ставија „под мраз“ на неодредено време, само затоа што се неспособни да се справат со оние кои токму нивните закони и одлуки ги кршат, „не онадувајќи“ жива сила!

Струмичките „Аватар“ диско забави или последните скопски викенд концертни „Мош“ – журки се најдобар доказ. На моќниците никој ништо не им може… Изговорите на  „стерилните“ пазарни инспектори да не се трагични би биле смешни: немале ингеренции да ги затвораат локалите, им пишале казна, кои „казнетиве“ ја вадат со прометот од три сепариња за една вечер, само тој што го води предметот можел да ги казни, а тој/таа биле во самоизолација… и сличните будалаштини ја прават големата слика во која оние од владата и нивните државни инспекциски служби ниту знаат каде тераат, ниту знаат што прават, додека другите „онаа работа да не им чуе“,  си тераат по свое. Народот, како народ, особено помладите… Желни за провод, кога ќе видат дека може, а очигледно – може, се приклучуваат кон журката „среде село без кучиња“!

И кога ситуацијата ќе излезе од контрола, потоа во паника, преку ноќ се носат штетни мерки и одлуки, од кои ќе трпиме сите… топтан. Покрај сувото ќе гори и суровото.

Најпогодени ќе бидат повторно сите угостители, зашто „моќта“ на поединци им го „растура еснафот“, а најголема штета ќе трпат музичарите и ивент индустријата, зашто забраните за гостувања на музички уметници и намалувањето на јачината на звукот на озвучлувањата на 55 децибели се всушност „протокол за погребна церемонија“ на угостителството и забавата… А  со тоа и на душата и психата на народот!

Зашто локал без музика повеќе наликува на библиотека, а не на кафеана, а од 55 децибели е посилен и звукот на мобилниот кога е пуштен малку појако да ѕвони!

Естрадата со бурни реакции ги дочека новите мерки на владата за воведување колективна „штама“. Свесни дека ионака „исцедени до последна капка“, со ова им се запечатува и кариерата, а Бога ми и судбината на професијата со која одбрале да се занимаваат, за која некои учеле школо, сите макотрпно вежбале и вложиле се’ од себе. Од утре слободно можат да си ги продадат инструментите и озвучувањата, светлото, миксерите, комплетната техника и да си купат… трактор, на пример! Или да бидат чираци кај првиот автомеханичар што го познаваат! Зашто вака, преквилификацијата во професијата им е неминовна!

Спасот го гледаат во сопствен протест на кој се повикуваат не само музичарите и естрадните уметници, туку сите оние кои се погодени со новите владини одлуки, а ги има цела низа професии.

 

Валиден ПРОТЕСТ на документ, по здравствени мерки, со маска, секој на растојание од 1.5 метар по човек, со наши редари кои ќе ги препознаваат кои се дел од протестот, со полиција која не заштитува нас од околни непознати ликови или политички демонстранти, бина огромна со настап на естрадни музичари, диџеи и останати уметници…
Така да, СЕГА излегуваме СИТЕ, сега го остваруваме правото СИТЕ, сега креваме врева, нема веќе време понатаму кога!!!
За вас и нас се работи, за нашите кариери и фамилии кои ги раниме дома, за вашите деца е ова!!!
– Музичари
– Угостители
– Фото Студија
– Музички продукции
– Кина / Театри
– Текстописци и Продуценти
– Цвеќарници
– Игротеки
– Салони за убавина
– Фризерски салони
– Танчери/Танчерки
– Диџеи
– Бутици за венчаници
– Бутици за одела
– Бутици за гардероба
– Продавници за китенки и декорации
– Изнајмувачи на звук и светло
– Менаџери на ресторани и локали
– Слаткарници
– Продавници за Хемиско чистење
– Текстилни продавници
– Перални на ресторани и локали
– Фирми големи и мали за алкохол и храна
– Месарници
– Останати засегнати соработници на Свадбената Индустрија…
Дата, ден и почеток:
07.10.2020 / Среда / 14:00ч
Одржување на протестот: Скопје
Влада на Република Македонија
Македонци
Срби
Турци
Албанци
Босанци
Роми
Власи
Со почит,
Музичарите и целата Индустрија.

Ќе успеат ли конечно да се изборат за правото да можат да си го заработат своето парче леб или власта седната во скутот на оние чии бизниси ја финансираат и корумпираат одново „ќе остане глува“ на нивните барања за право на работа и чесна заработка, останува да видиме? Сепак едно е сигурно: како тргнале, оние од Владата забрзано си ја сечат гранката на која седат. Наскоро, лесно може да приземјат, а таквото предвремено приземјување, обично завршува со атерирање… директно на нос!

ИЗВОР: ВИСТИНА.МК

Најнови вести