сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Заев да објасни зошто со ребалансот има пари за партиската администрација која седеше дома, а нема за земјоделците и невработените“

Заев да објасни зошто со ребалансот има пари за партиската администрација која седеше дома, а нема пари за земјоделците, невработените и бизнисот кој е во криза. Власта на Заев со ребалансот на буџетот не нуди развоен концепт и поддршка на стопанството, туку безобразен предизборен поткуп, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ова значи дека парите наместо во инвестиции, индустрија, реалниот сектор погоден од кризата, угостителите, занаетчиите, земјоделците и други засегнати групи и сектори ќе се потрошат краткорочно за ублажување на катастрофалниот пораз на Заев. Сето ова Заев не го прави со пари кои успеале да се акумулираат изминатите години, туку со нови и нови задолжувања. Така буџетскиот дефицит е планиран да достигне над 6% или приближно 210 милиони евра нов долг ќе им се стави на товар на граѓаните. Тоа е околу 500 евра нов долг за секое семејство, само заради краткорочниот популизам, неодговорност и поткупот на власта на Заев. Секое семејство само со овој ребаланс го задолжува за 500 евра, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавноста досега виде дека со Заев нема инвестиции, нема нови капитални објекти, нема развој, туку безобразно трошење и галопирачки долг кој веќе ќе наближува на 7,5 милијарди евра.

– Овој долг кој сега Заев го прави заради купување на денови социјален мир, скапо ги чини граѓаните. Затоа 4 години власт на Заев се 4 изгубени години за граѓаните и економијата. Доста е, посочуваат од партијата.

Најнови вести