Пазарџиите повторно измамени од страна на власта. Имено Владата на денешната седница донесе одлука да не даде мислење за спорниот предлог- закон за престанување на важење на Законот за зелени пазари со оправдување дека веќе е донесена одлука која треба да го пролонгира рокот за стапување во сила на законот за јануари наредната 2020 година.
Причината за ваквата одлука е повеќе од очигледна, Заев уште еднаш ги излажа пазарџиите дека Законот за пазарџии кој ќе остави голем дел од нив на улица без приходи нема да се применува и само го одложи неговото стапување во сила по претседателските избори, за да не изгуби повеќе од 25 илјади гласови, односно гласовите на сите оние пазарџии кои не се согласуваат со ова законско решение.
Ова е уште една потврда дека по претседателските избори пазарџиите ќе бидат изиграни и дека единствената причина за пролонгирање на законот е загубата на потенцијалните гласови на оваа интересна група.
Да се потсетиме на директната порака која пазарџиите му ја испратија на Заев на еден од нивните протести. Имено еден од пазарџиите во изјава дадена за време на нивниот протест порача ,,Ако не се сврти кон народот како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски’’.