вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев ги заборави останаите општини низ Македонија, помош само за Арачиново

Заев ги заборави останаите општини низ Македонија, помош само за Арачиново

Општините низ Македонија во длабок зимски сон, без никакви активноси за раздвижување на економијата и подобар животен стандард на граѓаните. Во изминатитот период од 3 години иако имаше многубројни ветувања во предизборните кампањи за градоначалници сепак повеќето ветувања низ општините во Македонија не се реализирани.

Во експозето за формирање на владата Зоран Заев и СДСМ ветуваа дека ќе обезбедат 100 милиони евра за сите општини во Македонија, силни институции кои со полн капацитет ќе работат на справување со пандемијата, целосно нови стандарди на водење на институциите, изградба на пречистителни станици за отпадни води и фабрики за преработка на цврст отпад, интензивно градење на детски градинки, болници, училишта и спортски објекти. Но, денес по три години од градоначалниците од СДСМ и на Заев и кога изминаа 100 дена од старао новата влада на Заев имаме: нула проценти нови капитални инвестиции во Општините, нула проценти нови фабрики, нови зони и нови работни места, нема гасификација на градовите, нема почист воздух во општините, нема нови зелени површини, нема нови регионални депонии, нема нови училишта и нова опрема и компјутери.

Но затоа имаме имаме нови задолжувања во општините, високи и непотребни трошоци, превработеност, непотизам и партиски вработувања насекаде, поскапи комунални услуги за граѓаните, наместо мораториум за градење во Скопје, секаде нови градби и масовно уништување на зеленилото, и тотално неорганизирани Општини во борба со корона пандемијата.
Наспроти ваквата фактичка состојба низ општините во Македонија владата на Заев носи скандалозни и нетранспарентни мерки за помош само на одредени општини. Во случајот се работи за Арачиново и одлукта за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка.

На седница на Владата е донесена и одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради КОВИД – 19 кризата. Нема дополнителни информации за што конкретно ќе бидат употребени парите.

Најнови вести