вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев ќе си даде оставка ако државата не добие датум за преговори?

Заев ќе си даде оставка ако државата не добие датум за преговори?

Косовскиот ноивинар Батон Хаџиу кој го следел Самитот во Берлин, за косовските медиуми изјавил дека на средбата помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот Зоран Заев интересно било оти Заев најавил оставка доколку државата не добие датум за преговори.

-Најинтересена беше средбата на албанскиот премиер Еди Рама и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев со канцеларката Ангела Меркел и претседателот на Франција Емануел Макрон. Таму се случија некои работи кои значително ќе ги менуваат работите понатаму со тоа што ќе се случува на Балканот. Според информациите што ги имаме, Заев рекол дека ако не се отвори патот за преговори ќе си даде оставка, вели Хаџиу, новинар на телевизијата „Клан косова“.

Инаку, земјите од Западен Балкан добиле разочарувачки пораки на конференцијата која се одржа во Берлин каде домаќини беа францускиот претседател и германската канцеларка, пишува „Фајненшл тамјс“ во анализата насловена „Франција и Германија со студен туш кон балканските надежи за итно пристапување во ЕУ“.

Според весникот германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон отворено им порачале на  делегатите од шестте земји дека мали се шансите наскоро да и се придружат на Европската унија и дека прво треба да ги средат внатрешните работи во своите земји.

Како што пишува „Фајненшл тамјс“, Макрон се фокусирал на потребата од политичка стабилност во регионот, велејќи дека Париз ќе пружи помош во клучните економски, социјални, безбедносни реформи, како и во областа на владеење на правот, а не преку процесот на проширување.

„Ќе работиме заедно на стабилноста на регионот. Од 2000 ние се повлековме од регионот, но денес сакаме да работиме заедно“, рече Макрон пред средбата во Берлин со лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Косово.

Најнови вести