четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Заев не си го одржува сопственото ветување за оставка

Заев не си го одржува сопственото ветување за оставка

Македонската јавност девет дена го чекаше премиерот и претседателот на СДСМ, Зоран Заев да се појави во јавност и да си го одржи зборот што го даде вечерта на 31-ви октомври кога беше бетонирана загубата на локалните избори. Но, по вчерашниот извршен и централен одбор на СДСМ, Зоран Заев не го оддржа сопственото ветување дека ќе поднесе оставка на двете функции кои моментално ги извршува.

Имено, Зоран Заев вчера во кратка изјава за медиуми нагласи дека е донесено одлука да се одложат оставките поради актуелните ситуации во државата.

– Ниту моите оставки се дискутираат, ниту се одлучува по моите оставки, од единствена причина кога ги најавив на 31-ви вечерта, потврдив дека останувам овде за да помогнам да се одржи парламентарното мнозинство и ако може да се зголеми, порача Зоран Заев по вчерашниот извршен и централен одбор на СДСМ.

По оваа одлука реакциите не стивнуваа на социјалните мрежи. Одлуката на Зоран Заев да не си поднесе оставка на двете функции кои ги извршува наиде на осуда од политичарите и граѓаните.

Според граѓаните тие не ни верувале дека Зоран Заев ќе си поднесе оставка бидејќи според нив станува збор за човек кој е преварант и никогаш до крај не си стоел на кажаниот збор.

– Ги молам политиколозите и правниците да ја дешифрираат пораката: „Да ја ОДЛОЖИ оставката на НЕОДРЕДЕНО ВРЕМЕ”. СДСМ вечерва се закопа длабоко. Срамно! Лажливо!! Недостојно!!!, напиша на социјалните мрежи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– А, наместо оставкава што ја одложи на неодредено време, да ви текнеше порано крадењево на бате Вице Н. и остала багра да го одложевте на неодредено време? Аплауз за лоповите од Бихачка, напиша на социјалните мрежи вчера и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Лижачите му ракоплескаа на Лузерот, напиша на социјалните мрежи како коментар на вчерашниот извршен и централен одбор Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Левица.

– Едно село немате под ваша управа. Кој град гласаше се вас на локалните, освен Струмица и струмичани. Народот ви кажа дека не може органски да ве поднесе поради вашите национални предавства и неспособноста. До кога ќе владеете така? Два месеци, пет? Па на вонредните избори за вас ќе нема втор круг глупаци едни. Од кикс во кикс влегувате, на чело со главната ваша будала. Ако, велам. Ако, реагираше на социајлните мрежи и Сашо Тасевски.

Вчера веднаш по објавувањето на веста од СДСМ дека се одложени оставките на Зоран Заев реагираа и со соопштение партијата ВМРО-ДПМНЕ.

– Отсуството од реалноста на СДСМ се гледа и по тоа што во криза дотерани во скапи автомобили се појавија да му дадат аплауз на Заев откако ги предводеше во катастрофален пораз и бега од одговорност и ветениот збор.Лажгото Зоран Заев повторно не си достои на зборот. 9 дена по најавената фејсбук оставка, пропадна во земја, за да денес го храбрат неговите неколкумина соработници во криминал. Заев е измамник и губитник, наместо да бара аплауз треба веднаш да си ја поднесе оставката, пишува во вчерашното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести