Oсвен декриминализација, лично поддржувам и легализација на употребата на марихуана, изјави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој додаде дека на овој начин ќе напредува туризмот и угостителството.
-Сакам да ја поддржам постапката која што почна, за декриминализација на марихуаната. Верувам дека во иднина ќе се создаде амбиент, лично поддржувам и легализација заради тоа што преку таа мерка ќе може да ги унапредиме услужните дејности коишто многу малку партиципираат во нашиот БДП, рече Заев.
Тој додаде дека сите постојни и нови објекти согласно лиценците кои ќе ги добијат, ќе можат да опслужуваат конзумирање на марихуана или канабис.