Даночни зголемувања ќе има, потврди денес премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање дали шпекулациите за зголемување на прагот за даночење се вистинити.
Според Заев даночното зголемување ќе настапи откако ќе се решат актуелните политички проблеми, како што е спорот со името.
Заев вели дека првин мора да се реши актуелниот спор со името, па тогаш владата ќе помине на политиката за зголемување на даноците.
– Ние, не сакаме дебатата да ја отвориме кога очите на граѓаните се вперени во други важни работи за Република Македонија. Веројатно, во соодветно време, кое што ќе продуцира квалитетна дебата, тогаш и ќе ја отвориме, рече Заев.
Ианку според планот, како што објавија некој медиуми нема да се одначува само приходи од плата, туку и хонорари, добивка од продажба на земјоделски производи и се друго кое што е над 1000 евра, за што прагот на оданочување нема да биде како сегашните 10%, туку 18%.
– Според одредбите, сите граѓани кои во текот на годината имале приход до 720.000 денари (по 60.000 денари месечно во просек) ќе плаќаат персонален данок на доход со стапка од 10 отсто, додека за сите приходи кои се над 720.001 денари данокот ќе биде 18 отсто за делот на доходот над овој износ. Оваа измена ќе важи од следната година, пишува порталот Фактор.
Премиерот го правда зголемувањето на даноците како левичарска политика и тврди дека тие што имаат поголема плата, треба да плаќаат повеќе.
– Ние сме левичари и редот е сите граѓани кои што имаат поголеми приходи, од 1.500, 2.000, 3.000, 5.000 евра, да платат повеќе, вели Заев.
Според експертите, зголемувањето на даноците е директен удар врз прогресивните луѓе, кои решиле да останат во Република Македонија и тука да градат кариери.