вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев повторно ја манипулира јавноста: Еве колку долари чини еден барел на светските берзи, а не е 600 долари како што вели премиерот!

Заев повторно ја манипулира јавноста: Еве колку долари чини еден барел на светските берзи, а не е 600 долари како што вели премиерот!

Премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира донесувањето на законот за еколошка такса, попладнево во Куманово изрази надеж дека ќе се изнајдат начини за да се изгласат законите кои се важни за граѓаните.

Заев истакна дека кога од следната недела ќе помине 600 долари барел таксите ќе паѓале.

-Очекуваме другата недела да помине 600 долари барел и веднаш паѓаат самите такси, така што немаме во просек некое зголемување, но ќе имаме огромен фонд кој во една година значи не помалку од 55 милиони евра.

Ова се би било во ред, доколку е како што вели премиерот Заев, но реалноста е сосема друга и цената на безрите за еден барел моментално се движи од 74 до 76 долари.

Дали ова е новлапсус на премиерот, или пак свесно ја манипулира јавноста не се знае, но секако на Заев нема да му биде прв пат.

Инаку, денеска од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека овој Предлог-закон ќе го блокираат, бидејќи како што велат ова значи нова давачка за граѓаните и поскапување на цените за транспорт и други производи.

Најнови вести