недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев призна дека извор на најголема корупција е Владата

Заев призна дека извор на најголема корупција е Владата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашната дебата на Канал 5 телевизија со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прашањето што ќе работи во иднина Специјалното јавно обвинителство изјави дека во законот стои кои ќе бидат ингеренциите но потенцираше и дека власта е извор на корупција.

-Ќе гони корупција висока против сите најмногу против власта, затоа што ние сме власт, секој пат власта ги прави најголемите коруптивни зделки, рече Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му реплицираше на премиерот Заев дека добро е што признал дека актуелната Влада е потенцијално корумпирана, на што премиерот Зоран Заев додаде дека тоа е така секаде во светот.

Најнови вести