понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев со 27-ми април, ќе си ги пере гревовите за „Рекет“

Заев со 27-ми април, ќе си ги пере гревовите за „Рекет“

Во Кривичниот суд во Скопје, денеска почнува судскиот процес за осомничените за организирање на настаните во Собранието на 27-ми април 2017-та година.

Обвинети во предметот се поранешниот спикер на Собранието Трајко Вељаноски, екс-министрите за транспорт и врски и за образование и наука Миле Јанакиески и Спиро Ристески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие, според обвинението, се товарат за кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Во меѓувреме, судењето за „Рекет“ веќе е во напредна фаза. На обвинителната клупа се Боки 13 и Катица Јанева, а речиси на секое рочиште се обелоденуваат докази за нивна поврзаност со врвот на владата на СДСМ. Меѓу другите, се спомнуваат имињата на екс-премиерот Зоран Заев, а од неодамна и неговиот брат Вице Заев се докажува дека е поврзан со овие лица.

Тоа, претседателот на СДСМ, се обиде да го негира, но во јавноста излегоа докази дека тој не ја говорел вистината кога велеше дека со обвинетите за „Рекет“ нема поврзаност.

Јавноста покажува голем интерес за овој судски процес, па секојдневно е сведок дека Боки и Катица имале поддршка од “погоре“.

Затоа, Заев свесно го темпира судењето за 27-ми април, да се одвива пред и за време на изборите. Со тоа сака да го  насочи вниманието на јавноста кон други лица, а не кон оние на чие рочиште тој станува “главна ѕвезда“.

Со цел да ја изманипулира јавноста дека „Рекет“ не е толку важен, па треба да се занимаваат со рочишта каде нема да се валка неговото име, се вложија огромни средства за да се снима документарен филм. Скапиот филм во 4 епизоди се снима и ќе се емитува на струмичката телевизија ВИС, која важи за блиска до Вице Заев. Направија помпезна најава, а ги најавија и главните “актери“.

Од телевизијата која стои зад овој проект најавија дека за првпат во прво лице ќе сведочат Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Ѓулумсер Касапи, Павле Богоевски, Благој Бочварски. Темата на филмот е „27-ми април“.

Драматични сцени, музика, политичари на СДСМ… Извештачена слика во која политичарите на Заев се пшретставуваат како жртви.

Целта на филмот е да го намали значењето на „Рекет“ и да се тргне вниманието на јавноста од вистинските прашања поврзани со криминалот на власта. А, „Рекет“ е само еден од многуте скандали и криминали во кои Заев и неговите најблиски се вплеткани “до гуша“.

За потсетување, случајот 27-ми април заврши со драконски казни само врз основа на исказ на Нинџа, осудуван криминалец.

Омилената судијка на СДСМ, Добрила Кацарска им одреди вкупна затворска казна од 211 години на 16 обвинети за случувањата на 27-ми април.

Случајот почнува, Заев се надева дека јавноста ќе зборува само за Спиро и Миле, оние кои беа претепани додека беа во притвор. СДСМ-овскиот директор на затворот, Ѓоко Котевски,  поднесе оставка откако беше утврдено дека претепувањето на екс-министрите немало да се случи доколку обезбедувањето реагирало. Потоа беше награден со партиска функција-прв човек на СДСМ Бутел.

Заев се надева дека „Рекет“ ќе се стави во втор план, а тоа би било исполнување на неговата цел, да се испере од гревовите и да не се зборува за неговата вмешаност.

Имаше дури и жртва, но и за трагедијата малку се зборува. Стојан Павлески, човекот кој минатата година беше претепан, почина откако неговите повреди не беа соодветно лекувани затоа што истиот е осуденик за настаните од 27-ми април. Почина како резултат на несоодветно лекуваните трауми нанаесени при нападот.

Темата 27-ми април нема да го испере Заев! Граѓаните не се наивни и одамна го препознаа неговиот обид да се пере од нешто кое не може да се испере.

 

Најнови вести