четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев, Спасовски, Лукаревска, Зекири, Филипче меѓу функционерите кои бесплатно направиле тестови и преку ред

Заев, Спасовски, Лукаревска, Зекири, Филипче меѓу функционерите кои бесплатно направиле тестови и преку ред

Умираат во домашни услови, не можат да стасаат ниту до лекарска помош, пациенти се лечат во болничките дворови, преоптоварени болници, нема слободен кревет, починал од корона вирус, но поради немање на слободен термин не успел да се тестира… Ваква е денешната состојба во државата која секојдневно брои зголемен број на новозаболени и починати граѓани од коронавирус.

Додека животот на секој граѓанин виси на конец поради тоа што нема слободни термини за тестирање од коронавирус, додека бројот на заразени здравствени работници се зголемува поради немање на соодветна опрема за заштита додека тестовите се скапи, додека децата во градинките и училиштата се заразуваат како последица од ненаправениот масовен скрининг на воспитувачките, негувателките и наставниците, функционерите на владата на СДСМ бесплатно и преку ред се тестираат за коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потврди дека функционерите од владата се тестирале ургентно во јавните здравствени установи бесплатно и без да чекаат, а како оправдување за ова, рече дека тоа било се со цел заштита на функционирањето на државните институции.

Со ваквите изјави Филипче потврдува дека државата за некои е мајка, за други маќеа, а привилегиите кои што ги уживаат функционерите на власта во услови на пандемија само дополнително создаваат револт и недоверба во здравствениот систем, како и во Владата и министерот Филипче успешно да се справи во борба за спречување на ширење на коронавирус.

Според информациите, веројатно е дека меѓу функционерите на власта на СДСМ, меѓу бесплатно тестираните и преку ред е премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорката на УЈП Сања Лукаревска, директорот на Фондот за здравствено осигурување Мухамед Зекири, какои и министерот за здравство Венко Филипче.

Имено, граѓаните се загрижени не само поради немањето на слободни тестови за тестирање, туку и поради високата цена која треба да ја плаќаат за корона тестовите, а со оглед дека некои тестови покажуваат грешни резултати, принудени се тестот да го повторат два до три пати како би можеле да се осигураат во неговата валидност што дополнително чини многу.

Сега според информациите кои се јавно достапни, Институтот за јавно здравје информираше дека сега истиот тест чини 1850 денари, додека во приватните клиники најевтиниот е 3000 денари, а доколку сакате резултати за два часа може да платите и 6000 денари. Ако се направи кратка анализа тогаш, едно четиричлено семејство за едно тестирање од коронавирус во Институтутот за јавно здравје ќе потроши 7400 денари, но доколку се потребни две до три тестирања истото би чинело од 250 до 400 евра, додека во приватна клиника тоа би чинило дупло повеќе.

Најнови вести