Премиерот и претседател на СДСМ во заминување Зоран Заев вечерва нема да ја поднесе најавената оставка, туку ќе чека до сабота, по гласањето за доверба на Владата. Потоа, Заев бил дециден дека ќе ја депонира оставката, велат извори од партијата за Телма.
Заев, според истите извори, бил „многу лут на Беса“, која според него избрзала со потегот и не ја дочекала одлуката на Управниот суд за Желино. Овие теми биле дел од дискусијата на седницата на Централниот одбор на СДСМ, која сѐ уште е во тек.