Заев ветил дека ќе стори се што може да се олесни позицијата и на Камчев, Мијалков и на останатите за кои што тогашното СЈО водеше истраги, реше на денешното рочиште првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски.
-Зоран Милески, ми кажуваше дека со Ана Камчева биле во неколку амбасади и неколку пати во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Тогашниот премиер им ветил дека ќе стори се што може да се олесни позицијата и на Камчев, Мијалков и на останатите, за да не трпи многу и бизнис-заедницата, рече денеска во судницата Јовановски.