вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев за Би-Би-Си: Исполнети се сите грчки црвени линии, имаме ново име, географска одредница и ерга омнес решение

Заев за Би-Би-Си: Исполнети се сите грчки црвени линии, имаме ново име, географска одредница и ерга омнес решение

Премиерот Зоран Заев во интервју за Би-Би-Си, вели дека ги има исполнето систе црвени линии кои ги имале грчката страна, тој прифатил промена на името, географска одредница и ерга омнес решение. Според него идентитетот е издвоен и еден  е грчкиот, а друг македонскиот идентитет, алудирајќи на античкиот период кој со договорот ексклузивно е грчки.

– Имаше еден вид на црвени линии, како што се да имаме ново име, истото да биде со географска одредница и да биде за севкупна употреба, внатрешно и надворешно. Сега се појавува оваа реакција во врска со идентитетот од страна на опозицијата во Грција, но јас се обидувам да го информирам, да го охрабрам господинот Мицотакис, кој е лидерот на опозицијата во Грција, дека ние го издвоивме нашето идентитетско прашање, кажа  Заев.

Во  врска со идентитетот тој се дообјаснува и вели,

-Имаме хеленски или грчки македонци и нашите македонци, со  посебна култура, со посебна историја секако, и ние го направивме тоа на многу позитивен начин со цел градење на врски и соработка.

Најнови вести