четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев за ДУИ: Пет пари не вредите

Заев за ДУИ: Пет пари не вредите

„Албанските гласови не вредат ни пет банки“ – со вакви навредливи зборови се обраќа лице за кое дел од медиумите тврдат дека е гласот на екс премиерот Зоран Заев, во аудио бомбата која одекна неодамна на Јутјуб канал.

Во снимката, наводно се слуша како Заев вели оти Албанците се борат само за пари и оти нивните гласови на изборите не вредат ништо.

XX: А шиптарите веќе ви ја пишат фактурата.

З.З: Пет банки не вредат. Не вредат на пазарот на гласови. Со избори и они ќе се валоризираат. За дали ќе пишат фактури… За да пишеш фактури мора да имаш роба позади себе, така? Тие немаат роба позади себе.

ХХ: Имаат борци тие.

З.З. Борци се наоѓаат по светот секаде.

ХХ: Аха се наоѓаат… Со илјада луѓе државата ни ја зедоа, ќе ни ја земеа.

З.З. Оние се борат само за парички.

Вака лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги навредуваше албанците во „бомбите“ кои излегоа за време на предизборната кампања.

Најнови вести