четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зафировски: Несправувањето со загадениот воздух и короната граѓаните ги чини живот!

Зафировски: Несправувањето со загадениот воздух и короната граѓаните ги чини живот!

Аерозагадувањето во урбаните средини стана главен социјален, здравствен, еколошки и економски проблем. Секој ден, просечно возрасно лице инхалира колу 15,000 до 20,000 литри воздух. За нормално функционирање на животот и активностите на луѓето, неопходна е незагадена природна средина, како клучен фактор за квалитетен и здрав живот на сите граѓани, вели доктор Оливер Зафировски кој заедно со професор Владо Спиридонов од Природно математичкиот факултет во Скопје се автори на најновата книга „Здравјето, времето и аерозагадувањето“.

Светската здравствена организација и Европската агенција за животна средина, во своите последни извештаи упатуваат дека повеќе од 80% од луѓето кои живеат во урбаните средини се изложени на лош квалитет на воздухот.

„Изложеноста на честички во воздухот е одговорна за околу 400,000 предвремени смртни случаи во Европа секоја година. Луѓето кои живеат или престојуваат во населени урбани области се под најголем ризик за респираторни заболувања и други хронични здравствени проблеми. На основа на резултатите од истражувањата на Светска банка објавени во последниот извештај се констатира деја загадувањето на амбиентниот воздух со PM2.5 и PM10 како и пречекорувањето на стандардите на ЕУ/СЗО во Македонија е широко распространето и штетно за здравјето на луѓето“, се вели во трудот на доктор Зафоровски од Институтот за белодробни заболувања Козле.

Според нив резултатите за градот Скопје, покажуваат дека најголемите надминувања на стандардите за квалитет на амбиентниот воздух се случуваат во текот на зима. Тоа го потврдуваат и научните истражувања на експерти од повеќе здравствени установи, кои упатуваат на фактот дека во последните неколку години, Скопје се наоѓа на листата меѓу најзагадените градови во Европа.

Според авторите на трудот, она што треба нас да нè загрижува е големата бројка на смртност.

„Додека во другите држави 10-20% од случаите на смртност се јавува како резултат на аерозагадувањето, кај нас таа бројка е многу повисока и изнесува 30-35% или повеќе од 1300 животи згаснуваат годишно поради енормното аерозагадување. Од корона во земјава за десеттина месеци починаа околу 2600 лица, дополнително тука мора да се има во предвид дека смртните случаи годинава се од компликации не секогаш од самиот вирус. Неодамнешната студија објавена од научници од Германија и Кипар упатува на фактот дека околу 15% од смртнте случаи во светот од КОВИД-19 може да се препишат на долгорочната изложеност на аерозагадувањето и лошиот квалитет на амбиенталниот воздухоценти “, вели доктор Зафировски.

Зголеменото аерозагадувањето во комбинација со присуството на КОВИД-19 дополнително ја влошило и онака драматичната ситуација и негативно се одразува врз здравјето и животот на граѓаните.

„Навистина треба да се замислиме за резултатите од објавените научно истражувачки студии за зголемениот број на смртни случаи на заболени од КОВИД-19 во светот, како резултат на долгорочната изложеност на аерозагадување, и итно да се дејствува во правец на превенирање и ублажување на состојбата. Проценките дека тековната зима во основа ќе биде поблага гледаме се остваруваат. А тоа значи постабилни атмосферски услови, помалку динамика и поретки продори на ладен воздух што води кон зголемено аерозагадување во урбаните средини. Или во научни трудови докажано е дека за ширење на КОВИД-19 најмногу одговара температура меѓу 5 и 15 степени Целзиусови, затоа и во ноември и декември имаше најголем бриј на починати“, вели доктор Зафировски.

Доктор Зафировски заклучува дека планот а студијата, е оставрување на една биметеоролошка прогноза во која на дневна основна ќе се има информации како влијаат климатските фактори, меѓу кои и аерозагадувањето, на сите хронични болести како кардиоваскуларни, пулмонални, ревматски, псохосоматски за да можат граѓаните навремено да ја земаат соодветната терапија.

Најнови вести