недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Захариева: Кабинетот на Петков води двојна политика кон Македонија

Захариева: Кабинетот на Петков води двојна политика кон Македонија

Бугарија има двојна надворешна политика. Министерството за надворешни работи е исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Македонија. Очигледно Кирил Петков се заложил да го тргне ветото без да ги исполни обврските, обвини денеска пратеничката на ГЕРБ и поранешна министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во изјава за бугарската национална телевизија БНТ.

Бугарија треба да има јасен и недвосмислен став, рече Екатерина Захариева.

Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на Македонија. Не треба да личиме на ситен историски реваншист. Тие го сакаат тоа. Проблемот не е само во апсолутното крадење на историјата, проблемот е што создаваат омраза кон соседна земја, и тоа доаѓа од земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век, земја која не ги почитува нормалните човекови права“, рече Захариева за Македонија.

Захариева рече и дека Бугарија мора да зборува во ист глас со своите европски партнери, и ја повика владата прво да научи да зборува со еден глас во коалицијата.

Најнови вести