Сеуште не се зголемија повиците во скопската Брза Помош поради летните горештини, но лекарите тврдат дека на поголема мака се лицата позитивни на Ковид-19 кои се на домашно лекување. Овиде денови се почесто се јавуваат пациенти кои што се жалат од влошување на здравствената состојба.
– Имаме зголемен број на влошувања на Ковид позитивни лица кои се на домашно лекување и бараат помош од нас. Кај некои интервенираме, некои ги транспортираме до соодветните здравствени установи, вели др. Елена Пиловска од Брза Помош Скопје.
Доктор Пиловска појаснува дека влошувањето не е поради пеколните горештини.
Лекарите апелираат дека покрај корона вирусот, не смее да бидат занемарени и други болести, особено оние болести кои што се последица на летните горештини.
Сончаница, топлотен удар, грчеви во мускулите се последици на долготрајната изложеност на сонце, велат од Брзата Помош.