среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зошто Али Ахмети гради удел во бизнисот со казината, објаснува Фатмир Лимани

Зошто Али Ахмети гради удел во бизнисот со казината, објаснува Фатмир Лимани

Зошто по 20 години откако е влезен во политиката Али Ахмети реши да навлезе во криминалот на казината, преку лице соработник на Артан Груби? И, зошто Ахмети како лидер од власта, не побарал макар еден директор да биде поставен на економска зона во западниот дел од државата кој ќе биде стручен, млад, способен човек, небитно од неговата националност, но со цел да се запре бранот на бегање на младите од Македонија? Од каде на лажниот патриот Ахмети сега му текна да се занимава со лотарија, со коцка, со казина? Овие прашања во разговор за МКД.мк ги наведува потпретседателот на движењето Беса, Фатмир Лимани.

Лимани ни дава објаснување за неговата денешна најава преку Фејсбук дека ќе пишува и открива вистини и криминали за бизнисот со Лотарија и казината.

Со наслов „Казината и молзењето на луѓето”, Лимани на фејсбук Али Ахмети го именува по неговиот прекар Абаз Џука, па вели:

● Поранешниот патриот Абаз Џука, барал и добил директор на македонска ЛОТАРИЈА, за да молзе и да краде албански семејства!

● Зошто не доби ниту една дирекција, за економски развој за да ги вработи младите на државата, туку се избори да стане даночник на бенефиции од КАЗИНА!?

● Асистентот на Артан Груби станува директор на Македонска лотарија, а што добиваат, а што губат Албанците со ова!?

● Колку месечни поволности се собираат во касата на Али Ахмети од обложувалниците што ги отвори низ нашата држава?!

*ПС: Во наредните денови ќе се занимаваме со проблематиката на коцкање, казина, лотарии….

Лимани вели дека по барање на Ахмети за директор на Лотарија беше поставен Перпарим Бајрами, инаку близок соработник на Артан Груби. Бајрами беше вработен во парламентот како политички советник кај тогаш пратеникот Артан Груби, а имаше само 24 години. Потоа „скалилото“ беше да се влезе во Лотарија, а подоцна и на челна позиција.

Целта на Ахмети е ДУИ да навлезе што подлабоко и во институции кои носат „брзи” пари и каде е вносно да се има свој „удел”, вели Лимани.

„Која е причината што влегуваат во Лотарија? Треба да се знае дека лиценците за казината ги даваат директорот на Лотарија и Министерството за финансии, каде министер е од ДУИ. Тие две институции не се случајно земени од ДУИ“, нагласува Лимани.

Тој потсетува дека во Албанија и во Косово се забранија казината, па дека се случи и своевидна преселба во Македонија и се отвораат и нови места за комар.

„Ако казината се надвор од населени места како што бараме, нема секој да оди да игра, ќе одат тие што навистина имаат некоја пара вишок. Ако се во населени места, како и што се кај нас казината, во искушение доаѓаат и сиромаси. Последниот денар наместо за леб, можеби ќе го дадат за коцка”, вели Лимани.

Затоа, како што нагласува Лимани за МКД,мк, тој планира во наредните денови и недели да пишува „отворајќи ги картите” од бизнисот на власта за многутте аспекти поврзани со лотаријата и казината.

Најнови вести