вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со предлог професорите и експертите да направат закон за обвинителство, државниот над партискиот интерес

ВМРО-ДПМНЕ со предлог професорите и експертите да направат закон за обвинителство, државниот над партискиот интерес

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција истакна дека партијата предлага формирање на тим од врни експерти кои што ќе работат на изготвување на Законот за обвинителство, меѓу кои ќе бидат вклучени професорите по уставно и казнено право.

Ајде сите заедно да бидеме зрели, да се издигнеме над партиските интереси и да бидеме заедно со државните интереси и интересите на граѓаните. Ајде професорите и експертите вклучени во јавната расправа да изготват решение коешто еве јавно пред македонската јавност кажуваме и се обврзуваме дека ВМРО-ДПМНЕ безрезервно ќе го подржи, а истото да го подржи и власта, која на тој начин ќе застане рамо до рамо со честитоста и вистината пред граѓаните, а заедно ќе покажеме дека се ставаме над партискиот интерес. Да се однесуваме зрело и одговорно, европски. Еднаш партиите да дадат шанса на експертите. Во име на тоа ВМРО-ДПМНЕ предлага формирање на тим од врни експерти кои што ќе работат на изготвување на овој закон, меѓу кои ќе бидат вклучени професорите по уставно и казнено право, а тоа се:

• Професор Доктор, Владо Камбовски,
• Професор Доктор, Гордана Силјановска,
• Професор Доктор, Никола Тупанчевски,
• Професор Доктор, Гордан Калајџиев,
• Професор Доктор, Тања Каракамишева,
• Професор Доктор, Гордана Лажетиќ.

Државата не смее да назадува поради отпорот на еден човек и неговиот страв од одговорност. Ако некој има илузија одложувањето на изборите нема да го спаси од одговорност Заев, туку само ќе ја продлабочи кризата во која што се наоѓаме, истакна Мицкоски на денешната прес-конференција.