Актерката споделила фотографија во светло-сино бикини и покажала како ужива на плажите во Мексико.
Поранешната „Очајна домаќинка“ се пофалила со фотографија од одморот во Мексико на својот Инстаграм профил и уште еднаш го покажала своето прекрасно тело.
„Од Мексико со љубов“, напишала таа во описот на фотографијата, а нејзината фигура навистина изгледа совршено додека позира на одмор, целосно опуштена.
View this post on Instagram
Многумина ѝ упатиле позитивни коментари: „Преубава“, „Навистина изгледаш прекрасно“…
За нејзината фигура заслужни се интензивните вежби, но и пилатесот и јогата:
„Трчам, вежбам кардио, јога. Сите мислат дека постојат некои тајни за прекрасниот изглед. А, во суштина тоа се тренинзите и балансираниот начин на исхрана. Посветена сум на тоа“, изјавила таа за „People“.
Нејзиниот тренер Грант Робертс изјавил дека нејзиниот тренинг се состои од кардио вежби, но и „мртво дигање“ кое влијае на масата на телото.