среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Заев најави ново задолжување за покривање на долговите

Заев најави ново задолжување за покривање на долговите

Премиерот на владата Зоран Заев во вечерашното гостување на македонската телевизија со уредниците на националните телевизии призна дека владата планира ново задолжување на државата за покривање на долговите.

Не планираме за четвртиот пакет мерки да се задолжуваме, но не велиме дека нема да се задолжуваме, дел од обврзницата оди за враќање на кредити, вели Заев.

За потсетување, владата пред само три месеци ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е шест години, додека каматната стапка по која е издадена изнесува 3,675 проценти или според експертите за разлика од земјите од регионот каматата за евробрзницата на Македонија е највисока.