Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска на денешната седница посочи дека на последната седница на поставување на пратенички прашања има поставено едно барање до Претседателот на Владата да одговори во писмена форма по однос на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кое што го имаше доставено за пристап до јавните информации, до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни, кои фирми ги имаат добиено средствата во висина од 30 милиони.
Одговорот на тоа прашање сега го добив и не можам да се изначудам на првата реченица која што ја прочитав. А гласи:
„Ви благодарам на поставеното прашање иако искрено жалам за несериозноста и тендециозноста на прашањето во кое неодговорно искажувате невистини и објаснувања, кои сигурен сум дека не би ги повториле надвор од собраниската говорница со иста леснотија“, прочита Затуроска.
Затуроска истакна дека е збунета и не знае што таа има прашано, за да добие таков одговор од страна на премиерот. Не поставувам несоодветни прашања, туку барам објаснување во писмена форма, известување во однос на законот за финансиска поддршка за инвестиции, кои фирми колку средства добиле. Зарем пратениците треба да се оквалификуваат ако бараат ваша страна да кажете на граѓаните каде вие, на кои компании сте довериле средства од граѓаните, додаде Затуроска.