петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Знамето на ЕУ влезе во украинскиот Парламент

Знамето на ЕУ влезе во украинскиот Парламент

Знамето на Европската Унија симболично беше поставено во пленарната сала на украинскиот Парламент, а претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен одржа говор преку видео линк во чест на кандидатскиот статус за влез во ЕУ за Украина.

– Украина е земја кандидат за приклучување на Европската Унија – нешто што се чинеше речиси незамисливо пред само пет месеци. Па денеска е момент да се прослави оваа историска пресвртница, победа на одлучноста и решителноста и победа за целото движење што започна пред осум години на Мајдан, истакна меѓу другото, Фон дер Лајен, јави Скај њуз.

Таа ја повика Украина да ги забрза реформите во областа на борбата против корупцијата, уверувајќи ја земјата во поддршката од 27-те членки на „долгиот пат“ кон членство во ЕУ.

Беше пофален и напредокот на Украина, додека во земјата се водат битки од 24 февруари, кога започна руската инвазија.

Медиуми коментираат дека се очекува процесот за влез на земјата во Унијата, да трае повеќе години.