вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Албанскиот јазик официјален во Струга, Советот на општината го внесе во Статут

Со оваа измена албанскиот јазик е доведен во надредена позиција над јазиците на другите малцинства, но и на македонскиот јазик.
Албанскиот јазик официјален во Струга, Советот на општината го внесе во Статут

Советот на општина Струга противуставно го променила Статутот за работа на општината, квалификацијата втор службен јазик е јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е заменета со квалификацијата албански јазик. Со ова се деградираат другите малцински јазици и се крши Уставот и Рамковниот договор.

Неуставниот закон за јазици се уште не е изгласан, но двојазичноста веќе пристигна во Струга. Советот на општината по три месечно натегање помеѓу коалиционите партнери ДУИ и СДСМ, како што известува Алсат, ги изгласа противуставните промени во Статутот на општината. Промените беа усвоени  токму денес со гласање по принципот на Бадентер.

-Со измените, албанскиот јазик и официјално стана запишан како службен јазик во Струга. Досега во Статутот се споменуваше само фразата „јазик што го говорат најмалку 20% од населението“, но сега се додаваат и зборовите „албанскиот јазик“ пишува Алсат М.

Против ваквата формулација гласале само тројца советници од ВМРО-ДПМНЕ, кои истакнуваат дека ваквата промена е противуставна. Тие навестуваат дека набрзо членот седум од Статутот на општината ќе го обжалат пред Уставниот суд.

Со оваа измена албанскиот јазик е доведен во надредена позиција над јазиците на другите малцинства, но и на македонскиот јазик.