петок, 12. април 2024. Вести денес: 0
home Општини

Без вода за пиење до 14 часот три села во Тиквешијата

Без вода за пиење до 14 часот три села во Тиквешијата

Без вода за пиење денеска останаа три села во Тиквешијата.

– Поради редовно сервисирање на воздушни вентили на главна водоводна линија, без вода за пиење се останати селата Возарци, Шивец, како и Трстеник. Жителите ќе бидат без вода за пиење до 14 часот, појаснуваат од ЈП ,,Комуналец” Кавадарци.

Од претпријатието ги замолија за разбирање и трпение сите кои денеска останаа без вода за пиење.