Дел од Неготино е без вода за пиење поради дефект на улицата „Кирил и Методиј”, информираат од неготинското ЈП Комуналец.
– Без вода се жителите кои живеат на улиците “Марксова”, “Киро Крстев”-кракот кај детската градинка, “Борис Кидрич”, “Вардарска”, “Вано Ташев”, “Ѓоко Мишев”, “Пиринска”, “Првомајска”, “25 Мај”, “Енгелсова”, “ЈНА” и “Маршал Тито”-делот кај излезот кон Кавадарци, соопштуваат од ЈП “Комуналец”.
Оттаму нагласуваат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, а по неговото санирање ќе дојде до нормализирање на водоснабдувањето.