четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

ФОТО: Кучката која вчера беше застрелана во Битола е жива, еве што велат од полицијата

ФОТО: Кучката која вчера беше застрелана во Битола е жива, еве што велат од полицијата

Кучката која вчера беше застрелана во Битола од маж, денеска се појавила кај своите малечки.

На социјалните мрежи е објавено дека иако кучката вчера не можеше да биде пронајдена, денеска се вратила кај кученцата за да се грижи за нив. Активисти кои се грижат за животните пишуваат дека откако кутрињата ќе бидат згрижени, мајката ќе биде однесена на ветеринар за да биде санирана нејзината тешка повреда.

-ДОБРИ ВЕСТИ! Дојдовме да ги нахраниме малечките на мајката што беше вчера пукана и не дочека изненадување! Мајчичка е жива, да ги надои и среди малечките и одиме на вет. Фала ви на сите што излеговте и ни помогнавте во потрагата, стои во објавата на Фејсбук.

Курир побара одговор од Министерството за внатрешни работи, дали случајот е пријавен и што е превземено.

-На 04.07.2021 во СВР Битола, Д.К. (21) од Битола пријавил дека на улицата „16-та“ маж со пушка пукал во куче. Се превземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Курир.

Неофицијално, од мажот е одземена пушката и истата е предадена на понатамошно вештачење.

Во Кривичниот законик за изживување врз животни е предвидена казна затвор до една година.