51 пациент со коронавирус се хоспитализирани во тетовската болница, со што капацитетот на инфективното одделение е преполн. Во меѓувреме, болницата модифицираше два ката на одделението за интерна медицина со 120 легла во случај ако се зголеми бројот на пациенти. Во меѓувреме, двајца лекари заразени со Ковид и еден дел од персоналот, се во изолација, пренесува Алсат-М.
-Има заразен лекар и имаше, но среќа е што во овој центар каде што работиме со заразените, многу малку вработени се болни. Направивме еден вид реорганизација и преместивме лекари и медицински сестри и исто така направивме резервен список ако бројот се зголеми за да се справиме со ситуацијата. Најмладиот пациент има 59 години, а најстариот е околу 74. Кислородот од минатата година е централен. Го поврзавме секој простор и нема проблем, вели Гезим Нуредини, координатор на болницата.
Целиот текст може да го прочитате на Алсат-М.