Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид, Кирил Пецаков денеска положи цвеќе пред спомениците на македонските предци по повод празникот 11 Октомври.
Тој упати и честитка за денешниот празник која ви ја пренесуваме во целост:
„11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ е поука и аманет за сите Македонци за нашето постоење низ времето.
Оруженото востание против фашистичкиот окупатор го симболизира непокорот на македонскиот народ и вечниот стремеж за слобода.
Охрид и Македонија се нашата одговорност со цел подобра иднина за сите!
Честит 11 Октомври!
Да живее Република Македонија!“