петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Општини

Мицкоски: Со Заев ни инвестиции, со Заев ни бутур, уште ги чекаме Фејсбук и Гугл

Мицкоски: Со Заев ни инвестиции, со Заев ни бутур, уште ги чекаме Фејсбук и Гугл

Низ Европа велат дека станал еден од најбогатите функционери на Балканот и пошироко, а Македонија е на самиот врв по несреќа и сиромаштија. Четири години чекаме Фејсбук и Гугл да ја преминат границата и да инвестираат во Македонија, окапаа на Табановце, на ред не можат да дојдат од инвестиции. Ни инвестиции на Заев ни бутур. Нема инвестиции, последни сме во Европа и регионот, затоа што на власта тоа не и одговара. Нив им одговара ова мочуриште, за да направат редистрибуција на капиталот, што може да се изрекетира, што може да се украде, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Прилеп.

И морам да ги прокоментирам вчерашните снимки, кажа Мицкоски, на кои се гледа како со тракторска приколка се носат книги во депонија за палење.

-Секаде во светот книгите се купуваат бидејќи се вредност, само кај нас Заев и Царовска ги палат. Знаењето кај нас со Заев завршува на депонија. Па тоа ни на Луј 14 не би му текнало, изјави Мицкоски.

Тој почочи и една анегдота од времето на комунизмот што се пренесува.

-Велат дека ги забранувале козите затоа што на некој висок функционер кога бил дете козата му го изела букварот. Кој знае какво искуство со книгите имале сегашниве функционери на СДСМ или пак лично Заев, штом толку имаат против печатените учебници. Лудо време дојде кога се апсат луѓе со испечатени учебници, додека други што продаваат дрога слободно се шетаат по улиците, рече Мицкоски.