среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Охрид издава 14 локации за поставување шанкови и урбана опрема

Општина Охрид издава 14 локации за поставување шанкови и урбана опрема

Општина Охрид објави оглас за јавно наддавање за поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови на 14 локации во градот и околината, за тригодишен период до 2026 година.

Предмет на јавниот оглас се 14 локации на кои ќе се поставува предвидената урбана опрема чија местоположба со површина на секоја локација е прикажана во графичките прилози на Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 година. Секоја од понудените локации се посебен предмет на јавното наддавање.

„Шанковите што ќе се поставуваат треба да бидат лесно монтажно демонтажни и изработени од природни материјали (дрво или имитација на дрво) кои ќе се вклопат во околината, без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот, во градското подрачје на Охрид, како и надвор од градот на подрачјето на Општина Охрид“, се наведува во огласот.

По завршување на јавното наддавање за секоја локација ќе се склучува Договор за условите и начинот на користење и одржување на добиените локации.

Јавниот оглас трае до 15 овој месец до 10 часот.