петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Oсум негувателки од Тетово позитивни на коронавирус

Oсум негувателки од Тетово позитивни на коронавирус

Осум негувателки во Тетово позитивни на коронавирус, додека други седум се во домашна изолација. Како резултат на сомневања за ширење на вирусот, три групи на деца исто така се во изолација.

– Од големиот број на заразени, имаме и вработени кои резултираат позитивни. Имаме осум негувателки во сите објекти, но во споредба со бројот на вработени и оние кои се позитивни, излегува мал. Тие се мала бројка за да ја попречуват работа во градинките, рече Рамије Даути, директорка на градинката „Риниа“ во Тетово, пренесува Алмакос.

– Последниот случај беше зараза беа позитивните тестови на воспитувачки во селото Џепчиште во општина Тетово, каде како резултат на тоа, градинката е затворена и не работи со денови, додека двете групи на деца се во изолација. Состојбата, исто така, е влошена и со бројот на наставници и професори во основните и средните училишта кои се заразени.

Општина Тетово известуваат дека во училиштата има 22 позитивни наставници и осум одделенија кои се во изолација, додека во средните училишта има регстрирано 20 наставници кои се заразени со коронавирус.

Од почетокот на пандемијата, во Тетово со корона вирусот се заразени 3159 лица.