среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пациент почина од корнавирус во Струмичката болница

Пациент почина од корнавирус во Струмичката болница

Маж на 67-годишна возраст од струмичко синоќа починал на Инфективното одделение при Струмичката болница од нагло губење на кислород во белите дробови предизвикано од коронавирусот, соопшти директорот на Центарот за јавно здравје Петре Витанов.

Лицето било примено пред четири дена на Инфективното одделение и не потекнува од досега познат кластер. Членовите на семејството на починатиот се во изолација и се под здравствен надзор.

Според Витанов, последните случаи во струмичкиот регион се нови и се од непознат кластер.

Денеска се извршени 12 тестирања на пунктот на Центарот за јавно здравје во Струмица, а директорот Витанов информираше дека сите термини за тестирање до сабота се пополнети.

Досега во Струмица се евидентирани 34 случаи позитивни на Ковид-19, од кои три лица починаа, 15 се оздравени, а 16 се активни.