Градоначалникот на општина Охрид информираше дека започнаа активностите за асфалтирање на улицата „Ирена Гинова – Мирка“.
– Денеска се асфалтираше на површина од околу 1000 метри квадратни, односно 250 метри должина и 4 метри ширина. Утре активностите за асфалтирање продолжуваат на остатокот од улицата, напиша тој на својата Фејсбук страница.