Екипи на ЈП „Водовод“, по налог на Општина Охрид, изведуваат градежни активности за поставување на 400 метри цевковод во населба „Шипокно“.
Вредноста на зафатот изнесува 1 милион и 700 илјади денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид.
Со овој зафат значително ќе се подобри водоснабдувањето во населбата, информираше преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.