вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков: Се поставува нова водоводна линија на улицата „Ирена Мирка Гинова“

Пецаков: Се поставува нова водоводна линија на улицата „Ирена Мирка Гинова“

Екипите на ЈП „Водовод“ започнаа работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Ирена Мирка Гинова“.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 во должина од 104 м.

Активностите се дел од годишната програма за водоснабдување на Општина Охрид, објави градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков.