Оштетените делови на асфалтот, од денес, се третираат со нова технологија. Станува збор за методот на третман на оштетените асфалтни површини со „Plastasphalt“. Со овој принцип се врши санирање на оштетените делови на асфалтот, а служи и како превенција од понатамошно проширување на оштетувањата. Позитивното за овој метод е што може да се користи и на ниски температури, за разлика од класичниот асфалт каде се потребни посебни временски услови за аплицирање. Времето за сушење на „Plastasphaltot“ е дваесетина минути по што може да се вози по него. Одлика на овој метод е долготрајност на санираната површина. Оваа технологија се употребува за пукнатини на асфалтот и помали оштетувања (ударни дупки). „Plastasphalt“ се произведува во согласност со тековните еколошки правила. За негово производство се користат рециклирани материјали, а неговата апликација е без последици по животната средина. Извршив увид на активностите за санација на оштетениот асфалт на улицата „Момчило Јорданоски“. Оваа улица е прва на која се применува новиот пристап во санација на асфалтот. После завршување на оваа улица, активностите за санација продолжуваат и на другите делови од градот каде има вакви оштетувања, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.