сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков се сретна со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз

Пецаков се сретна со американската амбасадорка Кејт Мари Брнз

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков денеска имаше протоколарна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Мари Брнз.

На средбата било разговарано за можностите за продлабочување на меѓусебна соработка.

Од Општина Охрид информираа дека амбасадорката Брнз ги пренела искуствата од државата Вермонт во развојот на еко-туризмот како практики применливи и во Охрид. Истовремено биле посочувани и можностите за соработка во областа на образованието со Вермонт.

Градоначалникот Пецаков ја информирал гостинката за планот и динамиката во реализирањето на предвидените инфраструктурни и капитални проекти, како и за ставот за продолжување со работа во насока на зачувување на статусот во УНЕСКО. Притоа амбасадорката Брнз ја истакнала својата поддршка за заложбите за зачувување на универзалните вредности и јавното добро.

Градоначалникот и амбасадорката разговарале и за актуелни локални теми, како и за предизвиците во развојот на туризмот во пандемискиот период.