среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков во посета на Центарот за третман на деца со аутизам: Во најкус можен рок ќе се изградат нови пристапни скали

Пецаков во посета на Центарот за третман на деца со аутизам: Во најкус можен рок ќе се изградат нови пристапни скали

Бев во посета на Центарот за третман на деца со аутизам кој функционира во просториите на Општа болница Охрид. Од страна на вработените бев запознаен со начинот на фукционирање и работење на Центарот, но и за нивните потреби, соопшти преку Фејсбук објава градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Тој информираше дека како одговорна Локална самоуправа се обврзале да изнајдеме начин за субвенционирање кој ќе биде финасиско олеснување на родителите чии деца го посетуваат Центарот.

– Дополнително она што било обврска на Општина Охрид за изградба на нови пристапни скали, а не се реализирано до сега, во најкус рок пристапуваме кон реализација. Носител на проектот за отворање на овој центар е Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам „ВО МОЈОТ СВЕТ“, пишува Пецаков во својот Фејсбук статус.