Од општина Охрид информираат дека започна асфалтирањето на улица „Спас Банџов“ во центарот на Охрид.
– Се реконструира целата улица со должина од 160 метри и ширина од 5 метри. Претходно се реализираа подготвителни активности , гребење и чистење. Проектот е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и се реализира со средства од буџетот на Општина Охрид, напиша градоначалникот Пецаков на Фејсбук објавата.