среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков: Завршуваат градежните активности на улицата „Момчило Јорданоски“

Пецаков: Завршуваат градежните активности на улицата „Момчило Јорданоски“

Завршуваат градежните активности на улицата „Момчило Јорданоски“, информираше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

– После поставувањето на нова атмосферска линија и изградба на нови тротоари, денес се асфалтираат коловозните ленти. Оваа улица добива нов лик, а граѓаните подобри и побезбедни услови. Посветено, со големо внимание и систематски ги реализираме зацртаните проекти, пишува тој во својот Фејсбук статус.