Вечерва во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков говореше за предизвиците со кои што секојдневно се соочува, но исто така и говореше за проблемите со кои што се соочија туристите кога власта го затвори патот на влезот на Охрид.
„Во периодот во кој што беше затворен патот на влезот на Охрид, туристите кои што пристигнуваа беа нервозни поради патувањето од аеродромот до Охрид. Се им пречеше на туристите бидејќи патувале подолго од аеродромот до Охрид отколку од Амстердам до Охрид“, појасни Пецаков.
Тој укажа дека слабо се одвиваа активностите на патот од страна на власта. Со овој чекор кој што го направија во ек на почетокот на туристичката сезона само ја докажаа својата неспособност.
„Потегот кој што го правеа во тој правец го изведуваше албанска фирма, а сега не е изведувач. Досега имавме проблеми доста. Ние ги трпиме цело време проблемите“, нагласи градоначалникот на општина Охрид.
„Ние имаме проблеми, и туристите ги перцепираат. А, зошто е тоа така? Одговор како Општина не добиваме. Оние моменти кога ќе се доведеле како притисок како Влада последниве две години, ние сме добивале лажни ветувања дека сите проблеми ќе се решеле до крај на 2023-та година, така е и со случајот со автопатот Кичево – Охрид“, појасни Пецаков.