четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сигнал: Физичка пресметка на советници во Охрид- Се испотепале пред очите на градоначалникот

Сигнал: Физичка пресметка на советници во Охрид- Се испотепале пред очите на градоначалникот

На денешната седница на советот на Општина Охрид на кој на дневен ред било гласањето на ребаланс на буџетот дошло до физичка пресметка. Имено, советникот од ДУИ Нефи Усеини и Џемаил Мена од колицијата БЕСА/Алијанса за албанците физички се пресметале во салата каде што се одвивала седницата, пишува Сигнал.

Присутен на настанот бил и градоначалникот на Охрид. Најпрво почнале со вербални навреди на албански да си дорфлаат и во еден момент двајцата се впуштиле еден према друг. Настанот е пријавен во полиција.

ИЗВОР: СИГНАЛ