Силниот ветар, кој во струмичко дстигна брзина од над 30 киломери на час и со повремени налети од над 50 километри, причини штети во пластеничкото производство. Имено, во атарот на селото Дабиле искината е фолијата на голем број пластеници, засадени претежно со зелка и други култури.
Според Коце Божиков, земјоделец од село Дабиле, според првичните сознанија од обиколката што ја извршиле на посевите, забележале штети на пластениците.
– На некои пластеници, кои се изложени на ветар им е откорната и конструкцијата, додека во најголем дел на моите насади со зелка искината е фолијата. Се обидуваме да извршиме некоја заштита, но силниот ветар не ни дозволува, рече Божиков.
И Гончо Божиков, претседател на МЗ на село Дабиле додава дека во атарот на селото има голем број на искинати пластеници и земјоделците се излезени во поле за да се обидат да ги заштитат посевите под пластеници.
Според информации од граѓани на улицата „Младинска“ во Струмица има откорнато дрво од силниот ветер.
Од Центарот за управување со кризи во Струмица соопштуваат дека освен мал прекин на со снабдување со електрична енергија во селото Дабиле синоќа околу 21 часот, засега нема пријавени други проблеми предизвикани од синиот ветер.