среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Сите новозаразени во кумановско се од едно семејство

Сите новозаразени во кумановско се од едно семејство

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа регистрира 12 новозаразени со Ковид-19, од кои 11 се од липковското село Матејче, а еден е од Куманово, информираше денеска директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, Ариф Љатифи.

Тој посочи дека еден пациент од Куманово на 74-годишна возраст починал на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.

Новозаболените од Матејче се од познат кластер, пошироко семејство, појасни доктор Љатифи и додаде дека меѓу нив има и четири деца на возраст од 10, 12, 15 и 17 години, сите асимптоматски.

-Денеска е извршено тестирање на 20 лица од општина Липково и на 30 лица од општина Куманово. Тестовите се направени по „Мој термин“, согласно епидемиолошки индикации и контролни тестови, додаде Љатифи.