В.д градоначалникот Константин Георгиески без да изврши промена на членот 10 од статутот на општина Охрид, извршил промена на печатите на општина Охрид и наместо Република Македонија, стои Република Северна Македонија.
Ова го обелодени координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков кој истакна дека Георгиески непочитувајќи ги ни статутот, ниту пак институцијата совет која е надлежна за промена на статутот, извршил промена на печатите.
Потврда на скандалот даде и секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски кој рече дека е точно тоа дека општината без промена на статутот ги променила печатите, но наместо да ја преземе одговорноста, тој вината ја префрли врз службеничката кој ги ставила печатите на официјалните документи.