среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Вистинското лице на Охрид е позади општинската зграда: Георгиески и Грданоски работат ли нешто? (ФОТО)

Вистинското лице на Охрид е позади општинската зграда: Георгиески и Грданоски работат ли нешто? (ФОТО)

Контејнерите позади општинската зграда преполни со ѓубре, кое, од што веќе не го собира внатре, расфрлано е и на тротоарот и улицата, а в. д. градоначалникот Константин Георгиески и директорот на ЈП „Охридски комуналец“ Љупчо Грданоски „мува“ не ги лази, ама затоа можеме да ги забележиме во локалните кафеани и кафичи како уживаат со партиските членови на СДСМ или како скијаат на македонските планини, пишува порталот „Охрид 24“.

Иако градоначалничката канцеларија на Георгиески е на неколку чекори од местото каде што се наоѓаат контејнерите, а воедно со службеното возило поминува оттука, тој ништо не превзема околу решавањето на овој проблем. Па оттука се поставува прашањето дали в.д. градоначалникот Георгиески воопшто оди на работа.