Да говориш за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Охрид треба да имаш достоен кредибилитет. За жал СДСМ и Алаѓозовски го немаат тој кредибилитет, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид.
-Нека каже еден единствен проект од оваа област што го реализирале. Факт е дека не реализирале ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет во Охрид. Што се однесува на изјавата дадена на основачкиот состанок на Комисијата за управување со наследството на охридскиот регион, со наводниот ризик за Охрид и некаква опасност од губење на статусот град под заштита на УНЕСКО, Алаѓозовски ги манипулира граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на комисијатата на УНЕСКО во нивната официјална посета во кои експлицитно се вели:„Никогаш не дошло во прашање Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО, на Охрид не му се заканува бришење од листата“, стои во партиското соопштение.
Од таму порачуваат дека единствено што треба да направи министерот Алаѓозовски е да им објасни на охриѓани: Дали прекинувањето на проектот за Центарот за култура значи живот за Охрид и охриѓани? Веднаш транспарентно и целосно да се објави извештајот и да се образложи кои мерки се преземаат? Каде е наводниот нов Закон за заштита на културното наследство?